Петар Печков
Објавено: среда, 19 декември 2012
По барање на УЈП во три некогашни велешки стопански гиганти започната е процедурата за отворање на стечајна постапка. За почеток во Киро Ќучук, Велеспром и Керамика Нова именувани се предстечајни управници кои ќе ја водат постапката за рочиштата закажани за средината на јануари. За сериозноста на УЈП говори и тоа што тие овој пат ги уплатиле средствата за постапката да започне.
Во АД Киро Ќучук предстечаен е именуван Ацо Петров кој го водеше стечајот во неколку фирми од велешки Лозар и во А1 и А2, додека за Керамика Нова и Велеспром е именуван за предстечаен Богољуб Макревски кој го водеше стечајот во Рудкоп од Кавадарци и Сведмилк од Битола.Според познавачите на состојбите во стечајната проблематика, именувањето на овие лица и уплатата од УЈП ветуваат дека овој пат, за овие три фирми работата ќе се турка до крај.
Tweet |